Бетонирање канали за превенција од поплави

0
637

Со цел превенција од можни поплави, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион спроведува активности за регулација на водотеците во пелагонискиот регион. Започнаа со селото Долно Агларци, каде што се предвидува чистење на каналот, формирање на нов профил како и негово бетонирање во должина од 270 метри. Проектот освен за заштитата на животната средина ќе придонесе и за забрзан економски развој бидејќи со неговите активноти ќе се минимизира ризикот од излевање на водата од реката и поплавување на плодно земјоделско земјиште.

-Ќе се бетонира каналот на две локации, целта е да ги собира водите од поројни дождови, кои потоа ќе се сливаат во Добрушевскиот канал. Проектот е од Биротот за регионален развој и чини 8 милиони денари, изјави Емилиа Ѓероска, директор на ЦРППР.emiliaгларци

Низинските села во Општина Новаци често имаат проблеми со каналите при поројни дождови.

-Ова е проект за 2015 година, наредната година ги планираме и другите села бидејќи имаат проблем со атмосферските води, изјави Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.лазе

Се очекува активностите во Долно Агларци да завршат за 15-тина дена, а потоа ќе се префрлат со истите активности во Општина Могила, регулација на речното корито на реката Шемница.