Бевме Шарли и Париз, но дали бевме Анкара?

0
1101

На 7- ми јануари 2015, двајца исламистички терористи упаднаа во просториите на францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо и убија 12 луѓе.

charlie_hebdo

Сите бевме Шарли Ебдо, осуда на нападите, се споделуава фотографии за поддршка на Франција. Социјалните мрежи преплавени со осуда за екстремистите и поддршка за францускиот народ. Потоа жалевме за терористичките напади во Париз. Профилите на социјалната мрежа Фејзбук се обоија со знамето на Франција.

635831191625484092_facebook_pariz

Црниот биланс од терористичките напади во Париз, 129 лица го загубија животот и 352 се ранети.  Во нападите загинаа и седум терористи. Во последниве неколку месеци се случија неколку тетористички напади во Турција. Во последниот од неколкуте, во Анкара загинаа 35 лица, а повредени се 125. Во октомври ланската година во Анкара загинаа 86, а повредени беа 186 луѓе. Како ние во Македонија реагиравме, односно се однесувавме на социјалните мрежи по нападите во Франција и во Турција, а од таму и прашањето зошто бевме Шарли Ебдо и Париз, а не бевме Анкара? Универизтетскиот професор Илиќ вели дека ние повеќе се идентификуваме со западниот свет.  Од здружението за македонско-турско пријателство ја потенцираат како што велат дволичноста на Европа. Мемиш вели дека на Фејзбук таа опција за обојување во знамето на Турциа ја немало, како што беше случај со Париз.

1604421_1170023339677014_1088561653755976826_n

По последните напади во Анкара, тамошната влада веднаш го забрани пристапот до Фејзбук и Твитер. И едните и другите напади беа осудени од секој нормален човек, начинот на изразување на осудата најразличен, но тоа најчесто се демонстрира или манифестира на социјаните мрежи.

E06F98DAD8C70347B5BD936D52AD49F1

Кога се случија нападите во Париз, светските метрополи во знак на солидарност со францускиот народ ги обоија плоштадите или големите препознатливи објекти во боите на Франција, така беше и во Скопје. Што не беше случај по нападите во Анкара. Не дека не беше осуден терористичкиот напад, туки манифестирањето е поразлично.