Без резултати заврши состанокот на еврогрупата за Грција

0
114
Состанокот на Еврогрупата за Грција заврши без резултати бидејќи Атина не достави предлози за реформи и антикризни мерки.
За прв пат на состанок на Еврогрупата присуствуваше новиот грчки министер за финансии Еуклидис Цакалотос, кој го наследи Јанис Варуфакис. Според претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, Цакалотос не дошол со нов предлог, но дека веќе утре се очекува официјално барање од грчката Влада за финансиска поддршка преку Европскиот механизам за стабилност.
Во меѓувреме и европските лидери на вонреден самит во Брисел очекуваат предлози од грчкиот премиер Алексис Ципрас за решение на должничката криза. Според западните медиуми, Ципрас најверојатно ќе побара отпишување на 30 проценти од грчкиот долг, кредибилни реформи кои нема да влијаат на продлабочување на рецесијата, нова програма за економски раст како и обезбедување на ликвидноста на грчкиот финансиски ситем.