„Безбедно на нашите плажи“

0
1530

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков  на плажата „Конект“ во Сливница на Преспанското Езеро присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“.

Да се подигне свеста на посетителите на туристичките места за самозаштита од кражби, да се делува превентивно, како би се намалил бројот на кражби на вредни предмети на плажите, како и провални кражби од возила, камп-приколки и бунгалови во туристичките населби во Преспанскиот регион на Општина Ресен, како и зајакнување на довербата помеѓу полицијата и заедницата.

Ова е целта на проектот „Безбедно на нашите плажи“, нагласи министерот за внатрешни работи Митко Чавков.