Безбели апстраклије во Битола

0
487

Теферич панк бендот Безбели апстраклије од Сараево, од 3- ти до 7- ми февруари, ќе ја имаат нивната турнеја низ Македонија.
Во Битола настапуваат на 4-ти во Бар чаршија.
Апстраклије е зашто се е апстрактно, а безбели е потврден збор во босанскиот јазик. Настанал како желба да бидат „раат од умот“, што единствено можат да го постигнат кога го свират она што го сакаат – песните што се чисти мераклиски импровизации.
Текстовите се инспирирани од средината во која живеат, што е животописна на целиот Балкан. Во своите песни го носат сараевскиот црн хумор.
Првиот албум е Кад је бал нек је канибал,а вториот Сузу суза стиже,кој ќе биде промовиран во Македонија.