Биди човек, подари книга

0
380
Во Aрт кафе  се одржа иницијативата Биди човек, подари книга.
Се работи за настан кој по трет пат се организира во Битола со цел да се збогатат училишните библиотеки со детски книги, бајки, басни, лектири.
Органазаторите најавуваат дека овие акции продолжуваат и понатаму, затоа што книгите се од особено значење за развојот на децата.
Овојпат се собираа книги за ОУ. Славко Лумбарковски во општина Новаци.
Целта на овие иницијативи е да се популаризира книгата во време на дигитализација.
И овојпат битолчани ја покажаа својата хуманост донирајки книги, така што се собраа голем број на книги за училиштето во општина Новаци со што се збогатува библиотечниот фонд.