Бијонсе апсолутна победничка на доделувањето на наградите на MTV VMA

0
361

Бијонсе (34) е апсолутна победничка на церемонијата на која во Њујорк беа доделени MTV наградите. Бијонсе доби осум награди меѓи кои и  најпрестижната, видео клип на годната за песната Formation.

Бијонсе и пред почетокот на церемонијата која се одржа во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, беше фаворит, таа имаше 11 номинации, а на крајот успеа да победи во осум категории.

Таа настапи на почетокот на церемонијата со песната Lemonade, која им ја посвети на жртвите на поплавите во сојузната американска држава Луизијана. Потоа таа ги изведе песните Pray you catch me и Hold up. За Hold up таа ја доби наградата за најдобро видео на женски изведувач.

Настапот во Медисон Сквер Гарден, Бијонсе, го заврши со победничката нумера на овогодишните MTV награди, Formation.

Наградата за најдобро видео на машки изведувач ја доби Келвин Харис за нумерата This what you came for , во која се појавува и Ријана.

Оваа 28-годишна пејачка ја доби наградата Вангард за целокупниот опус. Таа настапи веднаш по Бијонсе испеа неколку свои големи хитови, меѓу кои и актуелниот Work.

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви, кој почина на 10.јуни, постхумно беше номиниран во четири категории, а освои награда за уметничка режија за спотот Black Star.

Британската пејачка Адел која имаше осум номинации не присуствуваше на церемонијата. крај/мф/нц