Бик уби познат шпански матадор во Франција

0
2082

36 годишниот матадор, Иван Фандињо починал на пат кон болница откако бил прободен во градите на борба со бикови во јужна Франција.

Познатиот шпански матадор, Иван Фандињо вчера вечерта го загуби животот откако бил прободен во градите на борба со бикови во јужна Франција.

Како што пишуваат медиумите од Франција и Шпанија, 36 годишниот матадор се сопнал од својата неметка и паднал на земја.

Во тој момент бикот го нападнал Иван Фандињо и го прободел во градите.

Шпанецот веднаш бил префрлен во болница, но докторите не можеле да сторат ништо и само констатирале смрт.

www.mkd.mk