Биљали: Нашиот спас е брзо зачленување во НАТО

0
198

Нашиот спас, за сите зборувам во Македонија, без разлика на етничка припадност, е брзо зачленување во НАТО, изјави професор Мерсел Биљали во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Колку што јас имам информации, меѓународната заедница или главните креатори на НАТО ќе инсистираат на некакво соломонско решение, Македонија да добие покана за членство во НАТО без да има промена на името, па потоа да се даде некој рок да се преговара,  додава тој.

„Мислам дека Македонија со брзи чекори треба да тргне кон зачленување во НАТО, па и во ЕУ, што е друга постапка, затоа што уште повеќе ќе постои загрозеност за егзистенцијата како држава, па и како регион. Затоа што секој можен конфликт во Македонија може да го зафати целиот регион, а и секој конфликт од регионот може да ја опфати Република Македонија. Нашиот спас, за сите зборувам во Македонија, без разлика на етничка припадност, е брзо зачленување во НАТО. Дали е тоа реално? Мислам дека НАТО алијансата, членките и важните фактори на Алијансата се многу спремни да направат многу за брзо да бидеме примени, што за нас ќе значи егзистенција, развој, па и демократија“ – вели Биљали.

Смета дека тоа нема да се случи преку ноќ, но ќе стартуваме со многу поголеми чекори.

http://faktor.mk