Бишоп: Исламската држава користи хлор како оружје

0
248

Џихадистите од Исламската држава го користат хлорот како оружје и регрутираат технички оспособени луѓе во сериозниот обид да развијат хемиско оружје, предупреди австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп.
Во говорот на меѓународниот форум за борба против ширењето на хемиското оружје, министерката Џули Бишоп изјави дека ширењето на милитантните групи како што е Исламската држава претставува „една од најголемите опасности со коишто денес се соочуваме“.

„Користењето на хлор и регрутирањето кои ги прави Исламската држава меѓу добро технички оспособени професионалци, вклучително и оние од Западот, покажаа дека постојат сериозни напори во развојот на хемиското оружје“, рече Бишоп на состанокот на Австралиската група (AG).

Австралиската група е неформална група држави, основана 1985 година поради усогласување на контролата на извозот на хемиско оружје и хемикалии за производство на хемиско оружје, опрема и технологија, кои би можеле да бидат користени за производство на хемиско оружје, како и за мерките за спречување на ширењето на биолошкото оружје.

Ирачките курдски власти неодамна објавија дека имаат докази оти џихадистите од Исламската држава користеле хлор против нивните борци пешмергите во северен Ирак, во јануари годинава./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax