Битфест годинава ќе се одржи

0
1517

-Еден период не се знаеше како ќе продолжат општините да работат. Но сега кога општините добија виза и можност да работат понатаму, комисијата е веќе направена, апликациите ги имаме и комисијата ги разгледува. Ќе направам се што можам максимално за да се одржи битфест, во однос на програмските содржини, концептот ќе остане ист. Ќе имаме од сите сфери на културата, се она што го имаше Битфест, ќе го продолжиме. Има над 200 апликации, тоа се доволен број апликации и ќе се потрудиме да биде квалитетно издание како што беше до десеттото издание.
Се очекува Битфест да започне порано, затоа што има два-три проекти кои се поврзани со конкретен датум , околу 20-21 јуни, а ќе трае до крајот на август. Во 200 апликации има доволно квалитет за да може да се разложи во 60-тина дена, изјави градоначалникот Владимир Талески.