Битола 3 вклучена во електроенергетскиот систем

0
899

Tермоелектраната Битола 3 е веќе вклучена во електроенергетскиот систем на Република Македонија, додека ТЕ Битола 1 е подготвена и во текот на денот ќе биде ставена на електроенергетската мрежа. Оттука, не може да стане збор за било какво хаотично работење и распад на енергетскиот систем на државата, велат од РЕК Битола по реакциите на опозицијата.

Во текот на вчерашниот ден се случи дефект на склопка во 6 kV  постројка  во термоелектраната Битола 2, што не предизвика никакви оштетувања на виталните делови на енергетскиот блок. Во моментов, стручни екипи во РЕК Битола преземаат  активности за санација со што овој термокапацитет ќе биде ставен на располагање на електроенергетскиот систем во најкус можен рок.
И на крај да потсетиме уште еднаш дека АД ЕЛЕМ за време на застојот  сите неопходни количини од електрична  енергија за потребите на домаќинствата и субјекти на регулираниот пазар ги испорача од сопствените производни капацитети, стои во објаснувањето од РЕК.