Битола бара партнер за уличното осветлување

0
661

Општина Битола почна постапка за воспоставување јавно-приватно партнерство за ревитализација, модернизација и одржување на уличното осветлување на територијата на Општина Битола и териториите на поранешните општини Цапари, Бистрица и Кукуречани.

Договорот за јавна набавка е за архитектонски услуги, инженерски услуги и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето, поврзани научни и технички советодавни услуги, услуги за технички испитувања и анализа. Предвидено е договорот, со оној што ќе биде избран на тендерот да се склучи за период од 180 месеци, односно 15 години.

Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена. Пријавувањето трае до 17.09.2015 во 13.00 часот.