Битола без струја

0
862
????????????????????????????????????
Зошто Битола е често без електрична енергија, последните неколку денови.
Граѓаните нервозни, зошто прекините траеле по повеќе часови, дел од нив во ноќните, дел во часовите преку ден.
Вообичаено на оваа тема го бараме портпаролот на ЕВН Македонија.
-Прекините во снабдувањето со електрична енергија може да бидат од две природи. Едниот начин е непланирано, поради одреден дефект, дали неприродна погода или пак дефект во мрежата, каде што екипите на ЕВН го санираат дефектот и повторно се воспоставува нормално снабдување со електрична енергија. Друг начин на прекин тоа се планираните прекини, нешто што е законско дозволено и нешто што мораме да го имаме за да можеме да ја извршуваме нашата работа, она што е наша обврска , изјави Атанас Ковачевски портпарол на ЕВН
Граѓаните незадоволни зошто не се благовремено информирани за овие  прекини заради редовни работи на мрежата за напојување со електрична енергија. Ако станува збор за дефекти, ставот би бил поинаков, тие се непредвидени прекини.
-Овие планирани прекини се најавуваат 24 часа претходно така што потрошувачите ќе можат да  се информираат преку средствата за информирање медиумите  дали на нивната улица ќе се работи, додаде Ковачевски
Ние како медиум досега не сме добиле никакви најави и соопштенија за гледачите, оттука се отвара прашањето кој е надлежен да ги информира медиумите, а преку нив и потрошувачите. Портпаролот не упати на Центарот за управување со кризи.
Се јавувавме на телефонот 195 и повеќе од 30 мин овој телефон беше зафатен. Кога конечно добивме линија ни кажаа дека не се во тек со оваа нивна обврска и не упатија на портпарлот.
ЕВН дефинитивно нема разработен канал да ги известува потрошувачите на електрична енергија, а наплаќа услуга која не може редовно да им ја испорачува на граѓаните, па оттука и оправданата нервоза кај потрошувачите.
За споредба, ЈКП Водовод од Битола преку локалните медиуми навремено, 2-3 дена пред да се изврши прекин на снабдувањето со вода, ги известува корисниците, па тие согласно тие информации можат да го планираат времето без вода.
Па нека послужи како пример, барем во случајот на Битола
https://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=SP1mtgxMvs0#t=1