Битола дел од глобалниот хакатон натревар на НАСА

0
607

20 натпреварувачи од Битола  од денеска  до недела се вклучени во дводневниот глобален светски хакатон натпревар на Американската веселенска организација (НАСА) „NASA Space Apps Challenge„

andrej

-Денес ќе презентирам контрола на робот со две радио станици. И минатата година учествував на овај натпревар каде изработивме ровер со кој освоивме второ место, изјави Андреј Мицков, натпреварувач

Во наредните два дена  ќе креираат иновативни решенија и ќе бараат иновативни идеи за решавање проблеми на Земјата, како и решенија за живот во Вселената. Тимовите ќе работат на предизвици поврзани со аеронаутиката, планетата Земја, вселенските станици, пат до Марс, соларен систем и вселенска технологија.

nasa

-Се работи за натпревар каде НАСА даде неколку предизвици  на натпреварувачите кои што треба да ги решат на нивен начин . Дали тоа ќе биде некоја андроид апликација, некоја програма или пак хардвер како што планира еден од натпреварувачите , тоа е нивен избор. Специфично е она што овај натпревар е маратон . Од денес до недела до 9 часот , натпреварувачите ќе бидат во една просторија ќе работат на проблемот, а тука ќе бидат и нивните ментори, изјави Предраг Стојковски, Нова Солушанс , кои што се организатори на натпреварот во Битола

Натпреварот се одржува на ФИКТ

-ФИКТ е домаќин на натпреварот „NASA Space Apps Challenge„. Факултетот ги поддржува ваквите натпревари секогаш, а оваа година на овај натпревар ќе земат учество и студенти од нашиот факултет, изјави доц.д-р Томе Димовски од ФИКТ

Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што ќе им помогне да ги реализираат своите проекти.Најдобрите ќе добијат и награди

Во Битола овај натпревар се одржува по втор пат.