Битола дел од градовите кои го слават Светскиот ден на џезот

0
469

Традиционално и оваа година Битола го пдбележа Светскиот ден на џезот, настан во организација на Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб) во соработка со Порта Џез, со што нашиот град по четврти пат се вклучува во оваа глобална акција.

На концертниот настан, за љубителите на добриот џез, настапија Сашо Поповски трио.

Сашо Поповски е македонски џез музичар, композитор и бенд лидер. Неговата музика е спој на традиционалниот и современиот џез, проф. на Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

На настанот беше промовирано и неговото последно ЦД “Gathering” снимано на неговите клупски настапи во битолската Магаза.

Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува над 1000 настапи и концерти во преку 190 земји во светот. Главниот настан се одржа во Белата Куќа во Вашингтон, САД со настап на големите звезди: Арета Фреклин, Стинг, Пат Метени, Диана Крал, Херби Хенкок и многу други.