Битола доби Галерија на современа уметност

0
336

Во Завод и Музеј Битола синоќа беа отворени нови поставки и галерии: галерија на икони, галерија на современа уметност, легат на академскиот сликар Борислав Траиковски и легат на скулпторот Сотир Димовски, а во рамките на одбележување на празникот 11 ти октомври.

На свеченото отворање настапи мешаниот хор при КУД.Стив Наумов.
Новите галерии и изложбен простор се сместени во целосно нов дел во НУ Завод и Музеј-Битола. Галериите и изложбениот простор беа отворени од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски кои како што рече на чудесен начин го спојуваат културното наследство и претставуваат најдобар показател на дејноста и смислата на постоењето на Завод и Музеј.

– Ова е дел од придружните проекти, целата активност беше поврзана со реставрација на фреските во црквите Св.Богородица и Св.Ѓотги во Велушина-истакна Ристо Палигора, историчар на уметност и советник конзерватор.

Во рамките на оваа изложба е и каталогот во кој има 67 икони од сите цркви во Велушина.

Галеријата на современа ликовна уметност е еден помал дел од големиот творечки тестамент, архивиран во средината на дваесеттиот век.Време кога во градот постоеше ликовната галерија Моша Пијаде, иснтитуција која била средиште на ликовните творци, ликовното создавање и севкупниот интелектуален живот.

Во неколку децении биле собрани откупени скоро 800 дела со кои беше зачувана историјата и вистината на феноменот битолско ликовно творештво,опфаќајки ги скоро сите автори од ова поднебје.

Со отворањето на галеријата која е со дела од фондот на битолскиот Завод и музеј, се обновува носталгијата за вистинско создавање, важноста на некогашните творци, а можеби ќе се обнови праксата да се откупуваат ликовните дела во редовна историска хронологија.