Битола добива спортско рекреативен центар Срце-Довлеџик

0
4197

Битола повторно добива место идеално идеално гостите да ги поминат а да ги летните денови.

Како во старите времиња, сите одиме на базен „Довлеџик“.

Овој викенд односно на 18 ти јуни, отворен ден за сите љубители на капењето и добрата забава на денска шема со групата Чупињата.
Спортско-рекреативниот центар СРЦЕ „Довлеџик“, ќе биде место каде што деца и цели семејства можат да се забавуваат и да му пркосат на топлото време.
Целиот простор е модернизиран, среден, базенот има нова боја, покрај него може да уживате на сонцето на поставените лежалки, а може и да се затскриете од сонцето под чадорите.
Во рамките на базенот има спасувачка екипа, а во секое време може да се напиете кафе или да се освежите со друг пијалок во кафе барот кој работи во рамките на овој спортско рекреативен центар.
Децата може да си уживаат во детското катче, а возрасните да се занимаваат со спортски активности како што се пинг понг, мал фудбал, баскет и слично.

Во последна фаза на подготовка е и ресторанот кој ќе биде дел од Спортско-рекреативниот центар СРЦЕ „Довлеџик”.
Ова ќе биде сезона во која ќе уживаат и големите и малите.