Битола домаќин на реномирани македонски и странски уметници

0
518

Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ годинава се одржува во
периодот од 15 до 24 јуни, а на 12-то издание учествуваат 10 уметници
од Италија, Србија, Велика Британија, Полска, Словенија, Бугарија и
Македонија.
Организаторот на колонијата Драги Филевски, ги презентираше впечатоците
на досегашните учесници кои за оваа колонија напишале и книги.
Колонијата е во соработка со битолскиот Завод и музеј.
Отварањето на колонијата беше поделено во три дела од кои првиот дел
беше посветен на македонските уметници кои сега се починати, а
учествувале на колонијата.Координатор на колнијата е ликовниот уметник
Панде Петровски, членови на Уметничкиот Совет се Мирослав Масин, Владо
Ѓорески-Рафик и Драган Анѓелковиќ од Македонија, Драган Мијач од Црна
Гора и Стојан Ѓуриќ од Србија.
На колонијата беше организиран омаж на почесниот член на колонијата
академскиот сликар Глигор Чемерски, како и на членовите од колонијата.
Освен што ќе создаваат во Битола, ќе го посетат и Охрид, Курбиново на
Преспанското езеро и Крушево.
Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“-Битола во изминатиот период има
организирано 38 изложби во Македонија и надвор од Република Македонија.
Кон крајот на оваа 2016 година и почетокот на 2017 година ќе организира
и други веќе договорени изложби. Колонијата „Де Ниро“ е мултимедијална
и затоа и годинава заедно со учесниците од државата и странство ќе бидат
поети, музичари и актери од градот и државата.
Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ е збратимена со Меѓународната
ликовна колонија „Буљарица Арт“ од Црна Гора со која на крајот од
годината ќе направи заеднички проект за поврзување на двете држави
преку уметноста.