Битола е подготвена за диџеј Џуниор Џек и Широк Сокак во бело

0
403

На 27 -ми август во Битола, традиционално по петти пат, ќе се одржи настанот „Широк сокак во бело“ , а за добрата забава ќе се погрижи познатиот италијански диџеј и продуцент Џуниор Џек .
Пред него атмосферата ќе ја загреваат диџеите Боца и Ацика.
Џуниор Џек е етаблиран диџеј и продуцент на светската музичка сцена.
Организаторите на настанот ифнормираат дека и годинава истиот ќе биде на светско ниво.belanok2
Меѓу досегашните учесници на овој настан се и Кирил Џајковски, диџеј ѕвездите Дејвид Моралес, Хернан Катанео и Том Нови, како и голем дел македонски диџеи и продуценти.
Овој настан како и секоја година се одржува во рамките на „Бит Фест“. „Широк сокак во бело“ е настан од отворен карактер и секој може да го посети, а за оние најупорните кои сакаат да уживаат во својот простор, можат да си направат резервација во било кој кафе бар на Широк Сокак, оваа година 11 кафе барови се организатори на настанот.
Присутните на настанот имаат само една обврска а тоа е белиот дрес код и секако енергија за целовечерна забава.

Без коментари

LEAVE A REPLY