Битола град на олдтајмери

0
977

Традиционално и оваа година во Битола ќе се одржи изложбата на олдтајмери.
Оваа година е 5-то по ред издание во организација на љубителите на стари возила олдтајмер клубот „Retro Freaks” од Битола.
Минатата година на изложбата имаше околу 50 тина олдтајмери, а за оваа година организаторите најавуваат зголемен број како на автомобили така и на учесници на настанот.

Клубот Ретро фрикс, е олдтајмер клуб на сопственици и љубители на стари возила: олдтајмери, јангтајмери, custom преработки итн. Формиран е во 2012 година во Битола и засега брои повеќе членови од Битола и други македонски градови.
Олтајмер клубот „Retro Freaks” од Битола активно учествува на организираните изложби на олдтајмери ширум државата меѓу кои во Гевгелија, Прилеп, Кавадарци, Скопје.
5- тото издание на изложбата на олдтајмери ќе се одржи на 26- ти јуни пред спортската сала во Битола.