Битола има потреба од проширување на градинките

0
300

Недоволниот капацитет на битолските градинки и неможноста да се примат нови деца е проблем кој постои во градот подолг период. Листите на чекање за упис во градинките ја наметнуваат потребата за проширување на градинките, а потребата од година во година е се поголема, вели градоначалникот.

-Тоа кажува дека родителите се повеќе имаат потреба од проширување на градинките заради новите можности за вработување. Идниот период договараме средба со двете директорки на двете градинки во Битола, „Мајски цвет“ и „Естреја Овадија Мара“ и ќе ги разгледаме можностите за проширување, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.taleski

Во план е нова градинка во Кравари.

-Аплициравме преку Советот за Пелагонискио плански регион, мислам дека добивме. Во Кравари се укажа таква можност за нова градинка, рече Талески.

Нова градинка се планираше и во објектот на Министерството за труд и социјална политика кај Аргирица, но сега за таму ќе се бара друго решение.

-Тој објект е доста физички нестабилен, поправката и реконструкцијата на тој објект ќе чини колку изградба на нова градинка, изјави Талески.objekt

Од Општина Битола најавија дека подготвен е проект за надградба на градинката „Снегулка“ за што веќе се предвидени финансиски средства.