Битола историски и современ хронотоп

0
615

„ Поведени од идеата да се продолжи иницијативата на проф. Венко Андоновски и да се проследи Битола како хронотоп низ литературата и воопшто низ историјата, денеска во рамки БИТ ФЕСТ ја правиме оваа работилница насловена „ Битола историски и современ хронотоп“.

daniela

Оваа година работевме повеќе работилници каде што анимиравме повеќе ученици кои што требаше да создаваат книжевни и публицистички текстови во врска со Битола како хронотоп низ книжевноста, современиот живот и уметноста“, изјави Даниела Петровска, професор по македонски јазик и книжевна литература

profesor 25

„ Работилницата ја реализираме со ученици од средните училишта, од Педагошки факултет, слободни уметници- млади луѓе, кои што треба да го најдат својот вистински пат во литературата. Оваа работилница ќе резултира со плод бидејќи се вклучени ученици кои што доправа треба да се афирмираат во книжевното поле. По оваа работилница ќе следат уште вакви средби со реномирани македонски писатели“, изјави Милица Радевска, професор по македонски јазик и книжевна литература.