„Битола на точак“ за велосипедската патека на шеталиштето

0
1041

И тогаш и сега сметаат дека изградбата на вело патеки е од суштествено значење за подобрување на безбедноста на велосипедистите во градов.

Во нивниот став кој денеска го објавен велат: Покрај тоа, во услови на енормна загаденост сметаме дека овој проект ќе придонесе за поттикнување на повеќе граѓани да го користат овој еколошки тип на урбан транспорт. Битола На Точак уште од самиот почеток на неколку наврати бараше подетални информации за проектот од Општина Битола. Но, и покрај тоа не успеавме да добиеме основни и точни информации за проектотвело патеки. Со оглед на тоа што не ни е овозможено да добиеме копија од проектот, во последниот период добивме на два наврати можност за увид во проектната документација на проектот. Со оглед на обемноста на истата не е можно истата да се разгледа во просториите на самата Општина Битола. Поради тоа упатуваме барање до Општина Битола да излезе во јавноста со основни информации за проектот и истиот да го отвори за консултации и предлози не само од експертската јавност, туку и од граѓаните кои секојдневно го користат точакот по битолските улици. Битола На Точак не може да даде експертско мислење за проектот, но може заедно со сите заинтересирани велосипедисти да предложи фидбек за можни недостатоци во проектот кој ќе биде од особена корист и за граѓаните кои секојдневно возат точак , но и за Општина Битола. Ова е особено важно во оваа фаза пред реализацијата на проектот“ стои меѓу другото во нивното соопштение.