Битола на второ место по овчи сипаници

0
595

Од почетокот на годинава па до крајот на првата недела од јуни, се регистрирани најмногу заболени од овчи сипаници. Битола е на второ место по најмногу заболени, на прво место е Скопје покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Битола се регистрирани 544 заболени, а пак во Скопје 1. 558, и Куманово, каде што сипаници прележале 310 заболени. Епидемии од варичела прогласи Крива Паланка каде што се регистрирани 248 случаи и највисока инциденца .

Бројот на регистрираните случаи годинава е за 20 проценти поголем споредно со истиот период од претходната година, а во однос на просекот за последните 5 години за периодот јануари-мај зголемувањето изнесува 32,1 отсто.
Варичелата најмногу ги напаѓа децата до 6 години и децата на возраст 7-9 години.

Вкупно има 5.233 заболени од овчи сипаници. Во мај годинава пријавени се 1.446 случаи. Во првата недела од јуни регистрирани се 161 случај велат од Институтот за јавно здравје.

Лекарите очекуваат да се намали бројот на заболените во летниот период, особено поради крајот на училишната година и помалиот број деца што одат во градинка.