Битола на второ место по цените на недвижности

0
1029

Според регистарот  на цени и закупнини на недвижности, во Скопје просечната цена за метар квадратен објект изнесува 51.870 денари по што следи Битола каде за метар квадратен се плаќа по 31.553 денари, Охрид со 29.958 денари, Кочани со 27.725 денари, Кавадарци со 26.089 денари за метар квадратен…  Во мај лани во Скопје метар квадратен се продавал за 48.611 денари, која цената продолжила да расте и достигнала највисок износ од 56.272 денара во јули. Месец потоа следува голем пад и метар квадратен се купувал за само 42.175 денари што е најниска цена во изминатите шест месеци, рече директорот на на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески  во отчет за работата на институцијата во 2015 година.

До крајот на минатата година катастарот впишал 139.070 легализирани бесправно изградени објекти и изготвил 4.501 бесплатен геодетски елаборат за легализација. Во 2015 година е извршено впишување, евидентирање и предбележување на 1.498 инфраструктурни објекти.  Тимовите на Кататстарот реализирале средби со 6.500 граѓани во тек на кои се решавани нивни проблеми од областа. Во Контакт центарот на Катастарот имало 24.182 повици, со кои, според Трпески, се овозможило отворање на 11.997 предмети кои во најголем број се решени за 24 часа, а во тек е постапка за решавање на 68.