Битола најстудена, а каква е проодноста на патиштата?

0
1041

Утрово Битола беше најстудениот град во Македонија со измерени -22 степена. Освен тоа претпладнето врнеше и снег.

И утре изутрина утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а дневните ќе бидат во благ пораст. Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка

Новите врнежи од снег во југозападниот регион на државата дополнителен проблем. Онаму каде што беше интервенирано, сега дел од патиштата повторно непроодни или тешко проодни.

Од подружницата на Македонија пат во Битола велат дека сите патни правци се проодни и потенцираат дека за во вакви зимски услови направиле  се да се проодни оние од прв, втор и трет приоритет, магистралните и регионалните. Околу пладне интервенираа за да го пробијат и патниот правец Рапеш-Старавина.
Кон Молика и Нижеполе велат дека ги пробиле и опесочиле онолку колку што дозволувале временските услови.
За нив пак било феномен како што велат на -22 степена да врне толку снег.

Раководителот на подружницата на Македонија пат во Битола вели дека имаат застарена механизација, но дека секаде расчистувале, а прашаве и како ќе се справат со новите пообилни врнежи од снег кои се најавени од понеделник.