Битола најстудена, од утре снег

0
1883

Во Битола и Берово утрово е измерена најниската температура во Македонија од – 10 степени, по што следуваат Струмица, Тетово, Скопје Прилеп и Лазарополе со – 8, Куманово, Демир Капија и Крива Паланка со – 7, Дебар, Гевгелија, Маврово, Штип, Дојран, Крушево со -6, Охрид со -5 и Претор со -2 целзиусови степени.

За денеска метеоролозите предвидуваат сончево време со умерена облачност и температури од 3 до 9 степени.

За утре се најавуваат врнежи до дожд и снег со променлив интензитет, што ќе потрае и во следните денови.