Битола остана без воз

0
1553

„ Поради непроодност на пругата (одрон на карпи), Возовите 541/540, привремено не сообраќаат, а возовите 641/642 и 645/640 кои по возниот ред сообраќаат на релација Скопје-Битола-Скопје, до оспособување на пругата, привремено сообраќаат на релација Скопје-Чашка-Скопје. Поради непроодност на пругата, а во интерес на патниците, до оспособување на пругата Велес-Битола возовите 2081/2080 кои сообраќаат на релација Скопје-Велес-Скопје им е продолжена релацијата и ќе сообраќаат на релација Скопје-Чашка-Скопје, а поаѓањето на возот 2080 од станица Чашка ќе биде во 05.40 часот“.

Вака известуваат на веб страницата на Македонски железници. Практично од крајот на октомври Битола железнички е отсечена од светот.

Летоска во неколку наврати патници раскажуваа дека кога пристигнале на железничката станица за наутро со брзиот воз да заминат за Скопје, на перонот немало воз, а во железничата станица немале каде да се обратат. Ниту во Скопје на шалтерите на железничката не знаеја да кажат зошто го нема брзиот воз за Битола. Исто така прекин во сообраќањето на возот имаше и во зимата заради временските неприлики.