Битола подготвена за Шекспир фестивалот

0
341

Уште само еден ден до почетокот на третото издание на Шекспир фестивалот во Битола. Фестивалот застана на цврста основа и им ги отвори вратите на актерите и на театарските работници, но ги поттикна на сличен чекор и театрите од соседните земји. Поддржан е од Министерството за култура и Општина Битола.

Министерството за култура издвои два милиони денари, а останатите средства во однос на различна помош ги добиваме од Општина Битола, во смисла покривање сметки за ноќевање, но тука се и помалите спонзори кои ни помагаат за печатење маици, беџови и друго, вели Валентин Светозарев, Народен Театар Битола.Valentin

-Фестивалот има поддршка и од Општина Битола, тоа значи дека нема да имаме проблем околу реализацијата на селектираните претстави кои оваа година ќе бидат дел од фестивалот, рече д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.Taleski

На овогодинешното издание на Шекспир фестивалот, гостуваат реномирани театри кои го негуваат творештвото на големиот Вилијам Шекспир: Народно позориште од Сомбор, Србија, театарот „Лит Мун“ од Санта Барбара, САД, Драмски театар од Габрово, Бугарија, актерот Ги Сонен од Холандија ќе го изведе перформансот „Сонет за сонет 116“ и два македонски театра – Турски театар-Скопје и Народен театар-Битола со која започнува фестивалот. Шекспир фестивалот се одржува во рамките на Битфест.