Битола поврзана со Силиконската долина

0
3278

Дали знавте дека водечките производители и трговци на мебел од светот ја користат иновативната 3Д технологија која се создава во Битола?

Цилиндо е името на компанијата која е формирана 2012 година со канцеларии во Битола, Копенхаген и Сан Франциско.

Во моментов иновативната технологија на Cylindo се користи во над 3000 веб сајтови и физички продажни салони ширум светот. Нивната 3D технологија ја прави возможна визуелизацијата на било која конфигурација на продукт кои во голема мера ја поедноставуваат онлајн продажбата и го подобруваат купувачкото искуство преку интернет.
Како Битола стана светски центар на 3Д дизајнот?
„ Битолската канцеларија беше отворена во 2013 вработува 30 млади, едуцирани и исклучително талентирани личности кои специјализираат во различни области како 3D развој, софтверски развој и успех на корисници. Компанијата им понуди одлични услови за работа и интересни пакети за вработување“ вели Александар Ташоски генерален менаџер во Битола.
19.08.Still034
А деновиве со сите нив ги прослави и успесите на комапнијата, на својата традиционална летна забава.
19.08.Still031
„ Горд сум на тоа што тимот на Cylindo успеа да го постигне во изминатите 4 години. Голем дел од најголемите светски трговци позитивно одговараат на нашата технологија за продажба на продукти онлајн. Тоа е голема одговорност – но и големо признание за нашите способности. Ние сме млад и брзорастечки стартап и е дел од нашата ДНК да сме иновативни и амбициозни – имаме мисија да станеме глобален лидер во визуелизација на продукти – и да се забавуваме додека го правиме тоа“ вели Јанус Јагд од CEO.
19.08.Still032

Cylindo навистина има и што да прославува оваа година – компанијата забележува голем раст на глобалниот пазар и неодамна потпиша договори со некои од водечките брендови и трговци на мебел како Ligne Roset (Лин Розе), Palliser (Палисер) and Jerome’s (Џеромс).
19.08.Still033
„ Во поглед на Битолскиот тим, импресивно е кога ќе помислите како група од 30 талентирани луѓе развива решенија кои се користат од страна на некои од најголемите трговци во светот. Мислам дека тоа е значаен развој и за целата македонска стартап заедница. Верувам дека сме еден од најголемите и најбрзо растечки стартапи во Македонија. Во следниот период планираме да го зголемиме нашиот тим уште повеќе – и моментално имаме неколку отворени позиции. Наскоро ќе имаме и доста возбудливи новости за споделувањевели Јагд.

Од компанијата велат дека и понатаму ќе продолжат да ги споделуваат нивните успеси и достигнувања со заедницата преку настани слични на оваа летна забава, и истовремено ги покануваат сите млади таленти од релевантните области да ја истражат компанијата и да им се обратат за можна соработка. Честитки за Цилиндо.