Битола пред 100 години и сега

0
2575

Неколку средношколци од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“  направија фотографии со цел да покажат како Битола се изменила во текот на овие 100 години, притоа прикажувајќи ги последиците од Првата светска војна во Битола. Споредбените фотографии меѓу кои има временска разлика од еден век, денеска се објавени и на познатата интернет страница, boredpanda.com.



Овие фотографии направени од битолските средношколци се всушност дел од проектот „Прва светска војна и млади – мир и помирување“, во кој учествуваа 5 средни училишта од Македонија, а чија основна цел е да им се даде можност на младите да ги истражуваат конфликтите преку едукативни активности и истражување на темата – Прва светска војна.

Проектот имаше за цел  покренување на свеста во средните училишта за геополитичкиот контекст на Првата светска војна, придонесот на Велика Британија во битките во Македонија за време на Првата светска војна и лекциите научени од овој конфликт во прилог на мир и помирување помеѓу нациите.


Проектот беше координиран од АЛДА Скопје и експерти од полето на историјата, млади и помирување, археологија и фотографија, финансиран од Британската амбасада во Скопје. Започна од октомври минатата година и заврши во март оваа година, со завршен настан – изложба.


Во проектот учествуваа 30 средношколци кои учествува во активностите и кои се запознаа со оваа тема, преку истражување на терен, неформално интерактивни едукативни активности и видео и фотографски материјали.


Тие работеа на група проекти: фото колаж / инфо графичка на теренот во Дојран за “Последиците од Првата светска војна и како да ги користат со цел да се подигне свеста за конфликт превенција”, а делата на групите беа претставени преку изложба на завршниот настан кој се случи во март.


Првата работилница беше одржана во Битола, каде младите имаа можност да се запознаат со општиот контекст на војната, со историските и географски аспекти, а потоа да ги анализираат визуелните извори од Големата војна, фотографиите, видео материјалите официјалната и политичката комуникација итн. На оваа работилница беа прикажани и фотографиите на браќата Манаки кои често го документирале секојдневието и животот на војските и цивилите. Втората работилница беше во Дојран каде беше посетена фронтовската линија и имаа можност лично да ги видат местата каде што се водее борбите.

Во проектот учествуваа средношколци гимназиите, „Јосип Броз Тито“ од Битола, „Орце Николов“ Скопје, „Богданци“ Богданци, „Никола Карев“ Струмица и „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово.