Битола пред 72 години

0
862

За Битолчани 4 Номеври има значајна улога. 72 години слободна Битола , утре на 4 Номеври се слави денот на ослободување од далечната 1944 год.

Во далечна 1994 година германските сили уште во месец октомври зацврстиле непосредно до село Могила. Тука имале сконцентрирано околу 100 митролези, 25 минофрлачи, многу камиони, биле ископани и ровови.
Фортикациониот систем ја опфаќал линијата Св. Недела – Монополот – Железничката линија – Француски гробишта како и зајакнати пунктови еврејските гробишта, земјоделско училиште и друго.
Четириесет и деветата дивизија на 2 ноември добила задача да ја ослободи Битола.
Во градот била воведена опсадна состојба. насекаде имало запречни препреки, ограничено движење и слично.
На 3 ноември 1944 година Седмата и Деветтата бригада воделе борби со германските сили стационирани во близината на село Могила.
Истиот ден Врховниот штаб ја испратил следната телеграма до Главниот штаб на Македонија:

„Потребно е да развиете максимална активност.Особено е важно да ги ослободите што побрзо градовите и граничниот појас кон Грција. Да бидат држени сите градови, премини и сообраќајници на границата кон Грција. Да не бидат пуштени ничии групи на наша територија без наше одобрение. Многу е важно да бидат заземенни што побрзо градовите Гевгелија, Дојран и Битола. Тито“

Согласно телеграмата на Тито борците од 49 југословенска дивизија ги засилила своите акции. Така борбата кај Могила продолжила и на 4 ноември, а во предпладневните часови единиците на Седмата бригада на чело со командантот Пецо Гудовски одушевено пречекани од населението влегле во Битола.
Така, по неполна четиригодишна окупација македонските борци го ослободија својот град Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY