“Битола сака рокенрол”

0
922

Задругата Артикултура ви го најавува музичкиот фестивал “БИТОЛА САКА РОКЕНРОЛ” кој ќе се одржи на 19 март 2016 година во Центарот за Култура – Битола.

Фестивалот е првенче на новоформираната Кооператива „Артикултура“ од Битола. Кооперативата  е формирана од група од ентузијасти од различни возрасни групи (25-45 год). Неможејќи повеќе да стоиме настрана и немо да го набљудуваме процесот на длабоко навлегување на кичот и невкусот во културното живеење на младите во Битола, се одваживме да ги преземиме работите во свои раце.

Нашата идеја е преку обезбедување на алтернативен простор кој ќе функционира како збиралиште на млади луѓе (слично на сегашните кафичи), и преку активностите на Кооперативата (изложби, поетски читања, дебати, концерти, проекции и работилници) да креираме културен центар кој на младите луѓе ќе им овозможиме да изградат побогат културен светоглед, а воедно и да овозможиме промоција на оние кои веќе се занимаваат со некаква форма на уметничко изразување.

Со цел да направиме промоција на нашата идеја како и да обезбедиме почетни средства за изнајмување и опремување на алтернативниот простор, го организираме фестивалотБИТОЛА САКА РОКЕНРОЛ“. На фестивалот ќе настапат неколку музички групи (SPANK од Битола, THE GOVERNMENT од Битола, APMADILO од Скопје, THE BLACK AND VICE SOCIAL CLUB од Скопје и VERKA од Делчево/Скопје) кои со своето присуство ја поддржуваат идејата на кооперативата. Фестивалот се одржува во соработка со Центарот за Култура – Битола.