Битола се сеќава на бранителите од 2001

0
1174

На 5 јуни 2001 година кај патот Шипковица – Гајре, во терористичка заседа загинаа  петтмина припадници на АРМ. Денес со полагање свежо цвеќе пред споменикот „Ангел” кај Сат кулата и споменикот „Стив Наумов“, кај касарната,  семејствата на загинатите и останатите делегации, одбележаа 16 години од овој немил настан.  Во заседата во близина на с.Гајре на патот Тетово -Попова Шапка загинаа Пеце Матичевски од Новаци, Благојче Силјанов и Влатко Миленковски од Битола. Во нивни спомен се одржа и традиционалниот турнир во мал фудбал, во кој учество зедоа четири екипи: екипа на гарнизонот од Прилеп, екипа на општина Новаци, екипа на СВР Битола и екипа на Синдакот на Рек Битола.



-На денешен ден се навршуваат 16 години од немилиот настан, во кој што загинаа Пеце Матичевски, Благојче Силјанов и Влатко Миленковски. Голем број на делегации заедно со семејствата на загинатите положивме цвеќе пред спомениците, а го одржуваме и традиционалниот турнир во мал фудбал .Учествуваат 4 екипи. За најдобрите има пехар, а за учеството сите ќе добијат благодарници и пофалници, изјави Јоле Салевски, раководител на Одделението за одбрана во Битола.


Во заседата покрај Матичевски, Силјанов и Миленковски загинаа и Кољо Китанов од Струмица и Исак Руфати од Тетово.