„Битола Шекспир фестивал“

0
1165

Со музичко-сценски колаж насловен „Шекспир колаж“ во продукција на Народниот театар од Битола вечерва беше отворен 5. Интернационален „Битола Шекспир фестивал“, кој ќе трае до 1 јули.

Со оваа културна манифестација почнуваат активностите кои ќе се одвиваат во рамки на културното лето „Битфест 2017“.

За време на фестивалските денови предвидени се гостувања на шест реномирани театарски куќи од Бугарија, Русија, Казахстан, Романија, Словачка и САД кои ќе презентираат различни видувања на творештвото на Вилијам Шекспир.

Ќе бидат изведени и пет претстави на македонските театри кои го негуваат творештвото на Шекспир и тоа Турскиот театар ќе се претстави со претставата Отело во режија на Дејан Пројковски, Драмскиот театар ќе гостува со „Венецијанскиот трговец“ во режија на Наташа Поплавска, Театарот од Штип ќе ја изведе претставата „Ричард Трети“ во режија на Пламен Марков и Театарот од Струмица ќе ја изведе претставата „Дванаесетта ноќ“ (Ноќ спроти Водици) во режија на Дејан Дамјановски.

Фестивалот ќе биде затворен со претставата „Сон на летната ноќ“ на Театарот Комедија од Скопје, во режија на Андреј Цветановски.