Битола стана вториот град во државава што ќе ги прска улиците со средство за заштита од штетната прашина.

0
884

Првата практична мерка за намалување на загадувањето во Битола деновиве ја презеде ЈП Комуналец Битола. Набавена е техника за прскање на улиците со хемиско средство кое штетните ПМ10 честички ги прилепува за коловозот и не дозволува истите да се шират низ воздухот.

„Набавеното хемиско средство е целосно биораградливо, еколошко, некорозивно и има успех во отстранувањето на ПМ 10 честичките и до 30%“- вели Зоран Дојчиновски-Раководител на сектор за јавна хигиена

Покрај соодветната механизација, претпријатието набави и 6000 литри Калциум Магнезиум Ацетат, однапред приготвен како 25% воден раствор, кој во текот на целата година може да се употребува и во комбинација со други средства за подобро врзување на штетните честички за асфалтот. Од претпријатието презеле и мерки за обука на своите вработени за соодветно нанесување на средството, а и ќе превземат и мерки за едукација на граѓаните како безбедно да возат по улиците испрскани со ова средство.

„Оперативната техника на ЈП Комуналец веќе е подготвена, има доволно хемиско средство за целата сезона, и штом се створат соодветни услови и потреба за интервенција, се подготвени да излезат на терен.“- вели Зоран Дојчиновски-Раководител на сектор за јавна хигиена.

Битола после скопје, е вториот град каде ќе се користи ова средство во борба со аерозагадувањето.

Без коментари

LEAVE A REPLY