Битола тагува

0
3990

Вчера беше тажен ден за Битола.Кристалниот лустер од Офицерскиот дом го видовме комплетно распаднат на подот на Офицерскиот дом во Битола.

Според првиот човек на Националната установа Завод и музеј од Битола, вината за демолирањето лежи во самите Битолчани.
Кога е демолиран лустерот не разбравме и зошто дури вчера по новинарско прашање се дознава за оваа ситуација.
Исто така загрижува вистински фактот што денес ниту една од повиканите институции кои писмено биле известени од Завод и Музеј, по синоќешното известување на медиумите не се јави со информации кои ќе ја расветлат оваа трагична ситуација.

Никој не одговара и зошто институциите, знаејќи ја состојбата на Офицерскиот дом, не го изнесоа лустерот надвор од објектот и не го заштитија до некое подобро време кога Офицерскиот ќе биде реновиран. Вака, тој безмислосно и без никаква заштита беше оставен да се распаѓа заедно со Офицерскиот дом.

Битола бесповратно загуби движно наследство кое беше сведок на минатото.