Битола во бело

0
496

Синоќа во Битола, традиционално по петти пат се одржа настанот „Широк сокак во бело“, а за добрата забава се погрижи познатиот италијански диџеј и продуцент Џуниор Џек.

Пред него атмосферата ја загреваа диџеите Боца и Ацика. Оваа година музичката сцена беше сместена во долниот дел од Широк Сокак.

Меѓу досегашните учесници на овој настан се и Кирил Џајковски, диџеј ѕвездите Дејвид Моралес, Хернан Катанео и Том Нови, како и голем дел македонски диџеи и продуценти.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY