Битола ја слави детската песна

0
327

СИ-ДО, битолскиот детски музички фестивал се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола. Денешното име го добива во 1991 година и од тогаш до денес, секоја година во преполната голема сала на Центарот за култура, настапуваат над стотина деца годишно .

Оваа година се подготвува 21– то издание.

 

За развојот на Си-До посебен придонес имаа битолските композитори на детската музика: Петар Сидовски, Кире Костов, Миле Шерденков ,Славе Димитров, Петар Ѓорѓиев - Калица, Кирил Тодоровски, Милко Лозановски, Миодраг и Марјан Неќак, Снежана Наумовска .
И оваа година ќе учествуваат повеќе деца од Битола, но и гости од другите држави.
21- то издание ќе се одржи на 28-ми април.