Битола во минатото

0
714

Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера Тв заедно со вас и Битола во минатото.

На оваа фотографија е Американската женска болница на Црвениот Крст во Битола. Се наоѓала непосредно до градскиот часовник. Била една од неколкуте згради во Битола кои не биле мета на страшните и непрекинати гранатирања и останала целосна по Првата Светска Војна.

Меѓу повредените кои се лекувале во неа имало и од двете страни. Германци и Бугари како и Французи и Срби. Затоа можеби останала целосна и нечепнаат, а покрај неа за време на бомбардирањата  куртулила и Саат Кулата.

Била позната по својата беспрекорна хигиена и во време кога владеел тифусот таа билa без ниту една мува!