Битола засјаи во бело

0
2581

Викендов во Битола се одржа шестото издание на настанот Широк Сокак во бело, настан кој го карактеризираат како еден од најатрактивните во Македонија, настан кој се чека цела година.

Оваа година посетеноста беше најмасовна досега, покрај битолчани на манифестацијата присуствуваа гости од другите македонски градови, но и гости од други држави.

Дрес кодот е бел, така што цел Широк Сокак засјаи во бело.

Атмосферата ја загреваа битолските диџеи Рикардо Хернандез, Сашо Спект и Андреј Ѓошев, кои истакнаа дека одговорноста да се настапува на ваков настан е голема со оглед на тоа што се на иста сцена со Боксер и Морена, но од друга страна задоволството е големо затоа што прават нешто посебно за својот град.

Познатите хитови Морена, Deep in love и други, на Том Боксер и Морена, публиката имаше можност да ги чуе во живо, но и да запее со популарните романски артисти.

За публиката Боксер и Морена се согласија дека е одлична, совршено знае да се забавува и да направи како што самите кажаа-совршено позитивно лудило.

Во Македонија во последните 3 години настапиле околу 10 до 12 пати, а за македонската диџеј сцена велат дека е на завидно ниво.

Организатор и овојпат беше Горила продукција, а еден од организаторите Бобо Груевски ни истакна дека и Морена и Боксер имале посебни барања како сите ѕвезди на нивно ниво, задоволни се од посетеноста на овој настан и до година ветуваат уште звучни музички имиња.

Да се потсетиме досега на овој настан настапиле Кирил Џајковски, Дејвид Моралес, Хернан Катанео, Том Нови, Џуниор Џек и неколку битолски диџеи.