Битолчанец го направи првиот речник на правни поими

0
925

Неодамна, Македонија доби речник на правни поими.  Досега, во земјава имало само лексикони на правни поими и помали речници за специфични области, но ова е прв комплетен речник на правни поими на македонски јазик.

„ Речникот содржи преку 2.000 правни поими чии дефиниции се изведени првенствено од целокупната позитивна законска регулатива на Република Македонија, поголем број на меѓународни конвенции како и избрана правна литература од Македонија и регионот. Покрај правните поими речникот содржи и 280 познати латински правни изреки преведени на македонски јазик, кои често се споменувани и користени во правото. Поимите се внимателно избрани, посебно оние кои најчесто се употребуваат во правниот промет и тековното работење“ вели авторот Александар Георгиев-Калица.

„За составување на речникот ми беа потребни околу 2 години. Најтежок дел беше подготовката и концептот на систематизирање на поимите, за кои потрошив повеќе време, а тоа од причина што ваквиот тип на изданија во Македонија се ретки и обично се однесуваат на конкретна област. За подготоваката на речникот морав да ја прегледам целокупната законска регулатива и меѓународни конвенции како и обемна стручна литература за што беше потребно доста време и труд„ вели тој.