Битолчанец ја претепал сопругата зошто и се јавил колега

0
5484

СВР Битола поднесе кривична пријава против 26 годишен битолчанец  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „телесна повреда“. На 17.04.2017 година околу 01.00 часот, додека со неговата сопруга се движел со возилото накај нивниот дом, пријавениот почнал со тупаници да ја удира неговата сопруга. Причина за нападот било тоа што колега на неговата сопруга по грешка и се јавил додека биле излезени, соопшти МВР.