Битолчанец нападнал полицаец во станица

0
1789

Битолчанец, од засега непознати причини, со тупаници нападнал полицаец во полициската станица во Битола. СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Д. (35) од Битола за напад на службено лице и насилство.

Имено, според информациите од полицијата, битолчанецот на 09.08 влегол во СВР Битола и од засега непознати причини, со тупаници го нападнал полицаецот Т.Ц. (47) од Битола. Полицаецот завршил со повреди на лицето и скршени очила.

Од страна на судија му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.