Битолчанец повреден во сообраќајка кај Скопје

0
1477

На 26.03.2017 година во 16.30 часот во Скопје на локалниот пат населба Козле-с.Горно Нерези се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.В. (25) од Битола и ПМВ „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (41) од Скопје. Во незгодата Д.В. се здобил со тешки телесни повреди, кои му се констатитрани во Градска општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.