Битолчанец режисер на новиот спот на Тајзи и Спејко

0
946

Палимо е насловот на песната на која сигурно ќе се танцува ова лето, а е во изведба на Тајзи и Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат“.
Овој потенцијален летен хит доби и свој видеозапис, на кој режисер е битолчанецот Владимир Ивановски Дади.

Спотот е сниман во Хрватска и тоа во Сплит, Омиш, Макарска.
Текстот за песната го направи Драган Величковски Тајзи, а музиката е на Лазар Цветковски.
Жешкото видео изобилува со атрактивни и весели кадри, многу згодни девојки, а во него се појавуваат и колегите на Спејко од „Големиот брат“, Ервин и Мирјана.
Со првата песна на српско хрватски јазик „Палимо“, Тајзи и Дарко ја најавуваат соработката со една од водечките издавачки куќи на Балканот- „Балкатон“ и се подготвуваат да го освојат српско-хрватскиот пазар.
Летово Тајзи најавува уште две песни на македонски, како и нови песни на српски јазик.

Песната е дел од вториот албум на Тајзи кој ќе излезе оваа година, а со Дарко ја подготвуваат големата летна балканска турнеја, пред која ќе одржат голем коцерт во Битола.