Битолчанец со нож нападнал полицаец

0
1056

На 19.08.2016 година во 13,45 часот во СВР-Битола полициски службеник при СВР-Битола, пријавил дека додека бил службено ангажиран за откривање на сторители на кривични дела – кражби во ПМВ, на ул. “Филип Втори Македонски“ го забележал  Ј. П., (25 годишен-познат сторител на кривични дела) како провалува ПМВ „Нисан Микра“ со грчка национална ознака. Ј.П. насилно ја отворил предната лева врата на возилото, седнал на возачкото седиште и пребарувал низ ПМВ, по што полицискиот службеник се доближил до осомничениот, се лигитимирал и му наредил да излезе од возилото. Ј.П. во тој момент од чантата која ја носел на појасот извадил нож, го отворил и со десната рака почнал да замавнува кон полицискиот службеник со намера да го лиши од живот, по што истиот ја турнал вратата од колата за да се одбрани, а Ј.П. продолжил да замавнува со ножот, при што го скршил внатрешниот ретровизор. Полицискиот службеник повикал интервентна екипа на полицијата која дошла, му го одзела ножот на Ј.П. и го привела во СВР Битола. Од страна на ОС-Битола на Ј.П му е одредена мерка „притвор“ во траење од 8 дена.