Битолчанец со запалено возило удил во зградата на судот

0
3531

Рано утрово во 04:00 часот од судската полиција на Основниот суд Битола во полицијата било пријавено дека пред скалите кои водат до главниот влез на зградата со голема брзина, од спротивен правец на режимот на возење влетало патничко моторно возило Ауди 4 со битолски регистарки таблички, управувано од Н.М. ( 67 ) кој со намера завртил на левата страна и преку ивичњаците на улицата удрил во столбовите и жардињерите пред главниот влез на судот.

Како што соопшти битолската полиција, претходно имало самозапалување во возилото, односно избувнал пожар во внатрешноста, каде имало две пластични туби со непозната запалилва течност, две мали боци со плин и една голема 25 литарска боца со плин во багашникот која била со отворен вентил.

Интервенирала и противпожарната единица на градот.

Предниот дел на возилото било целосно оштетено, а опожарена била и внатрешноста.

Полицијата вели дека се работи за лице кое денеска требало да се јави за издржување на десет годишна казна затвор за кривично дело полов напад врз малолетник кој не навршил 14 година.

Од полиција велат дека хоспитализиран е на клиниката во Битола, а се претпоставува дека заради сериозноста на повредите ќе биде пренесен во Скопје.

Полицијата ќе се поднесе кривична пријава, рече порпаролката на СВР Битола Сања Стаматова.