Битолчанецот Александар емотивно за својата болест – Хочкин

0
1786

На 35-годишниот Александар Јовановски пред еден месец му била констатирана болеста Хочкин. Тој навраќајќи се на губењето на својот татко, но и на роднини и пријатели зборуваше на протестниот собир во саботата, организиран за да го искажат револтот од загадениот воздух во Битола.

-Како да останеме исти после толку загубени животи? Пред еден месец ми дијагностицираа Хочкин, лани почина татко ми, па сопругата на мојот другар, па мој пријател. Значи три генерации. За мојата болест, докторите велат дека сум претрпел стресови, сум јадел нездрава храна, сум дишел нечист воздух. Во која земја сум ја јадел таа храна, каде сум го дишел тој загаден воздух? Ова не е мојот град, ова не е мојата Македонија, рече Александар Јовановски.aleksandar 1

Тој ги критикуваше и локалните власти во Битола, Скопје, Тетово и други градови дека ништо не направиле за подобрување на квалитетот на воздухот.

-Господине Талески, ви се обраќам лично, знам дека сте чувствителен и незгоден кога ќе се налутите. До Вас и вашата општинска власт, имајте доблест и еднаш да си признаете дека со вашето десетгодишно владеење во градот не успеавте ништо да направите со загадувањето, рече тој.za nas se raboti

Организаторите на протестниот собир, здружението „За нас се работи“, пре присутните битолчани ја презентираа и побараа поддршка за платформата „5ка за Битола“. Во неа се наведени 5 наитни мерки за справување со аерозагадувањето-режим на сообраќај во центарот на градот, субвенционирање на трошоците за електрична енергија во домаќинствата , јавен еколошки градски превоз, прскање на улиците со хемиско средство.

-За жал, никој не не слушаше досега, сега преминуваме во нова форма, форма на петиција, затоа велам не е важно колку сме овде, рече Иван Јерчиќ, За нас се работи.ivaj jercic

Петицијата ќе биде доставена и до Советот на Општина Битола.